Во Јапонија не го забораваат легендарниот Ивица Осим. Пред два дена селекцијата на Јапонија, која ја водеше од 2006 до 2007 година, одигра пријателски натпревар против Бразил (0:1), а пред почетокот на натпреварот имаше едноминутно молчење за „Штраус од Грбавица“.
Во минутата молчење на големиот семафор се вртеа фотографиите на Ивица Осим кој ги „задолжи“ Јапонците, а тоа не го заборавија и нема да го заборават.
Инаку, Бразил славеше со резултат 1:0 со голот на Нејмар од пенал во 77. минута.
Потсетуваме, Осим почина на 1 мај на 81-годишна возраст. Тој беше погребан во Алејата на великаните на Градските гробишта во Сараево, кој го сакаше повеќе од кој било друг град на овој свет.