Голгетерот на Абердин во 82 мин. успеа да даде гол за Македонија, откако доби употреблива топка, влезе во шеснаесетникот и од 15 метри со прецизен шут во спротивниот агол ја затресе мрежата на противникот. Елиф Елмас промаши зицер две минути претходно. Македонија имаше една шанса кога Езџјан Алиоски во првиот дел ја погоди пречката и неколку можности без некоја конкретна завршница.
Во 28.минута не беше досуден и пенал за Македонија откако еден дефанзивец на Фарски Острови играше со рака во сопствениот шеснаесетник.