Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски беше нокаутиран од Грузиецот Илија Топурија во втората рунда на борбата во Анахајм, Калифорнија, а по битката побара реванш од неговиот ривал.

Волкановски не бараше изговори за неговиот пораз против Топурија, иако многу брзо се врати во рингот по тешкиот пораз од Махачев.

„Секоја чест за Илија. Се надевам дека ќе се бориме повторно во Шпанија“, кажа Волкановски по поразот.

Шампионскиот појас во лесна категорија (натпреварувачи до 66 килограми) не е повеќе во сопственост на австралискиот борец со македонско потекло, Александар Волкановски.

Ноќва на главната борба на УФЦ 298, Волкановски загуби со нокаут од Грузиецот Илија Топуриа.

Во преполната „Хонда центар“ во Анахајм (САД) одлучувачка беше втората рунда. Едно десно кроше на Топурија во втората рунда ја одлучи борбата во полза на Гризиецот.

Топурија остана непоразен и по петнаесеттата борба, а Волкановски сега треба да мине трновит пат да го врати појасот.

 

Борбата имаше спектакуларна гледаност и во „Хонда центарот“ и крај малите екрани.