„Црвено-белите“ со тоа ја одбранија титулата во ова натпреварување, и ја продолжија доминацијата затоа што ова беше четврти триумф во низа во Купот „Радивој Кораќ“. Двете екипи имаа свои моменти, добри и лоши, меѓутоа Цвезда кога беше најпотребно одигра на повисоко ниво, и издвојува победа над вечниот ривал.
Во финишот, Црвена Звезда ги искористи грешките на Кевин Пантер и се одлепи. Пантер промаши шут за израмнување, потоа уште еден, третиот пат ја загуби топката, по што следеше серија на Црвена Звезда од 4-0 за 81-74, која се покажа потоа клучна за победата од 85-79.
Гедраитис со 17 поени беше прв стрелец, Теодосиќ имаше еден помалку, додека Боломбој уфрли 14 кошеви.
Ледеј постигна 24 а Пантер 20 поени за екипата на Партизан.