Клучен период во поразот на фаворитот беше вториот период кој домаќините го добија со 26-18. Олимпија беше подобра во првата и четвртата четвртина, но тесно го загуби и третиот период со 17-12.
Нено Димитријевиќ на овој натпревар не блескаше кога се поените во прашање и постигна само два, но запиша седум асистенции со кои беше најдобар во тој сегмент во својот тим.
Миротиќ и Ледеј постигнаа по 18 поени за гостите, додека во победничкиот табор најдобар беше Рос со 22.