Дербито го одбележа прекинот што се случи на средината од второто полувреме кога домашните навивачи почнаа да фрлаат запалки кон противничкиот голман Тибо Куртоа затоа што тој претходно ги провоцираше, во моментите кога неговиот тим поведе со 1-0. Се што беше важно на овој меч се случи во второто полувреме кое место 45, траеше 56 минути.
Поведе Реал преку Едер Милитао во 64. минута со силен удар, откако Бразилецот го искористи нафрлувањето од Винисиус од левата страна.
https://twitter.com/i/status/1840487427514986991Само три минути подоцна дојде до прекин затоа што навивачите на Атлетико не можеа да преминат преку провокациите на Куртоа и фрлија запалки и ќеса со непозната содржина кон него. Се чинеше дека Реал, сепак, ќе дојде до триумфот бидејќи во судиското продолжение имаше водство, но домашните не се предадоа до крај.
Во петтата минута од продолжението Кореа доби една топка, успеа да го издрибла Куртоа, Милитао малку му помогна и тој ја затресе противничката мрежа. Помошниот судија го поништи голот поради офсајд, но по прегледување на снимката од ВАР, беше утврдено дека голот е чист и Атлетико израмни. За возбудувањата да бидат комплетни се погрижи Љоренте кој доби црвен картон поради жесток старт.
Овој резултат најмногу ѝ оди во прилог на Барселона која ја задржа предноста пред ривалите иако таа сега во однос на Реал изнесува три бода.