Екипата на Олимпик Лион одигра неверојатен натпревар против Брест и славеше со 4-3, а на мечот беа забележани два големи пресврти на екипите.
Толисо во 18. минута постигна гол за предност на Лион, но во вториот дел следуваше шок за домаќините, откако Брест постигна три гола за седум минути и направи целосен пресврт.
Муние и Дел Кастилјо беа стрелци на погодоците за Брест (3-1), но Лион потоа успеа преку Лаказет и Таљафико да израмни на 3-3.
Херој на Лион беше Мејтланд-Најлс во 106. минута кога од пенал ја затресе мрежата на Брест за триумф од 4-3.
Лион со оваа победа скокна до седмата позиција и има 41 бод, па му претстои битка за пласман на позициите кои водат во европските натпреварувања следната сезона.