По шест кола од новата сезона во италијанското првенство, нов лидер на табелата е екипата на Наполи кој ја совлада Монца со 2-0.

 

Тоа е четврти триумф за тимот од Неапол во последните пет кола во кои прими само еден гол. Стрелци на головите беа Политано и Кварацкелија уште во првото полувреме по што Наполи ја смири играта и не дозволи победата да биде доведена во прашање.

 

По стартниот дебакл од Верона, Наполи врза пет натпревари без пораз и со 13 бода сега се наоѓа на првото место на табелата, со бод повеќе од Јувентус и два од Милан, Интер и Торино.