На фудбалскиот натпревар помеѓу Сласк и Стал се случи интересна и комична ситуација во финишот. Во 95 минута судијата повика двајца фудбалери на Сласк и еден на Стал и им покажа жолти картони, а во меѓувреме бекот на Стал Кристијан Гетингер се приближи да види што се случува, па судијата и нему му покажа жолт картон.
Гетингер ниту направи прекршок, ниту се расправаше, но си заработи жолт картон.