Црвена ѕвезда после пресврт дојде до триумф од 2-1 против Чукарички во финалето на фудбалскиот Куп на Србија.
По првото полувреме Чукарички водеше со 1-0 со спектакуларниот гол од корнер на Марко Доциќ, но во 61-ва и 76-та минута Александар Пешиќ со два гола за Ѕвезда донесе пресврт и двојна круна за најдобриот тим во Србија. За Црвено-белите ова е историска победа, бидејќи првпат во нивното постоење три сезони по ред ги освојуваат и првенството и купот на својата земја.
Пешиќ по 100-ти пат играше за Ѕвезда, а со двата гола дојде и до јубилеј од 50 постигнати голови во дресот на најтрофејниот српски клуб.
Капитенот на Чукарички, Марко Доциќ постигна неверојатен гол од корнер кој вреди да се погледне.