Манчини со извонреден удар од далечина во 53 минута ја затресе мрежата на „бјанконерите“, гол кој се покажа како пресуден за освојување на три големи бода на „Олимпико“.
Калчолигашот преку социјалните мрежи ја претстави реакцијата на тренерот Жозе Мурињо при решавачкиот момент, но во фокусот е и напаѓачот Абрахам кој се спремаше да влезе во игра. На видеото се гледа Мурињо со својот помошник како останува мирен без никакви емоции, воопшто не мрда по голот, за разлика од напаѓачот кој полуде и отиде да слави со соиграчите.
https://twitter.com/ASRomaEN/status/1632717560700362754?s=20