Во вториот дел каталонците промашија пенал, виновник беше Торес, па исклучен беше стоперот Араухо после една лоша реакција на Кунде, па домаќините од 59 минута играа со играч помалку на теренот.
Лидерот во Ла лига се провлече и се бранеше, но ја зачува победата и цел плен со кој Барса сега има девет бода позитива во однос на второпласираниот Реал Мадрид.
“Беше тешко да се игра со играч помалку. Го направивме тоа што требаше да го направиме, игравме подлабоко, не примивме гол и дојдовме до триумфот”, истакна Рафиња кој призна дека Араухо заслужено добил црвен какртон.
“Тој беше последниот човек и нормално е. Играчот на Валенсија одеше напред и според мене тоа беше црвен картон. Понекогаш мора да правиме работи за доброто на тимот”, порача Бразилецот.