Фудбалерите на Аталанта играат одлично оваа сезона, што го потврдија и со победата против Сасуоло (3-0), која за нив беше петта по ред во Серија А.

Пашалиќ во 22. минута погоди за водство од 1-0, по што Сасуоло имаше можност да израмни, но Пинамонти не реализираше удар од белата точка.

Аталанта постигна уште два гола во второто полувреме и така ја обезбеди убедливата победа против Сасуоло.

Холандскиот интернационалец Теун Копмајнерс во 58. минута донесе водство од 2-0, а третиот гол за домаќините, беше дело на Мичел Бакер во 74. минута.

Сасуоло со овој пораз остана на 17. место со 20 бодови, додека Аталанта е на четвртата позиција со 45 бода.