Јунак на вечерта беше францускиот ветеран Оливие Жиру, кој во само три минути буквално ги расплака навивачите на „нераѕурите“. Тој прво во 75. минута одлично се снајде по една одбиена топка, која умешно ја смести во противничката мрежа, а во 78. минута молневито реагираше во шеснаесетникот на Интер и ја затресе мрежата. Претходно, Иван Перишиќ во 38. минута му донесе водство на „домаќинот“; откако беше сам како дух во противничкиот шеснаесетник по корнерот, кој умешно го изведе Чалханоглу. Кулминација на драмата беше црвениот картон на Тео Ернандез во шестата минута од судиското продолжение, кое, сепак, не го промени крајниот резултат.
Со овие три бода, Милан ја направи трката за шампионската титула многу поинтересна, со оглед што остана второпласиран, но сега само со еден бод помалку во однос на градскиот ривал, кој има и меч помалку.