Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе имаше уште еден успешен настап на ридско брзинските трки во рамки на ФИА Европскиот шампионат, па денеска победи во Чешка.

Иџе се соочи со мали проблеми со возилото пред почетокот на трката, но тоа не го спречи да се искачи на тронот на патеката во Чешка и да постигне време 6.49.717 со неговото Хјундаи И30, а така ги остави зад себе Диетхард Штернад и Рене Вамрут.

Стефановски претходно успеа да слави на трката во Брага, Португалија, а заврши втор во Франција.

The 🇲🇰 king is back 💪 1 Mesto Ceska🇨🇿

.