Српскиот тренер Ратко Павличевиќ е нов селектор на македонската одбојкарска репрезентација.
Тој ќе го замени Душко Николиќ, кој ја презема функцијата селектор на БиХ. Николиќ не го водеше со успех националниот тим, имаше разочарувачки настап на Европското првенство, па така неговата смена беше и повеќе од очекувана.
Павличевиќ го предводеше тимот на Шеноа од Швајцарија, а во минатото беше стратег и на машката и женската екипа на ОК Црвена Звезда, додека има искуство и во Грција и Саудиска Арабија.
Македонија ова лето ќе има настапи во Сребрената одбојкарска лига, но ќе настапи и на Медитеранските игри во Алжир. Потсетуваме во 2023, нашата репрезентација е КО-ДОМАЌИН на Европското првенство.