Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски донесе уште еден медал во неговата богата колекција, откако се закити со злато на Г2 турнирот во Тирана, а многу добар настап имаше и Филип Додевски кој стигна до сребрен медал.
Георгиевски запиша две убедливи победи во Тирана, при што во финалето го демолира олимпиецот и медалист од Светското првенство, (СП), Словенецот Иван Трајковиќ.
Додевски, исто така, запиша две победи, но сепак по тешка битка запиша тесен пораз во финалето од Сулејманов од Азербејџан.