„Кнезовите“ уште на стартот од мечот го нападнаа Нант, па Емболо по две минути погоди за 1-0, а набрзо Бен Једер зголеми на 2-0.
Бен Једер до крајот на мечот се запиша уште двапати во листата на стрелци, и тоа во 28. минута и 62. минута од пенал, додека Енрике со автогол ги постави конечните 4-1.
Монако со новите три бода се искачи на петтата позиција и има 17, додека Нант е на 16-то место со само седум бодови по девет одиграни меча.
На останатите натпревари Тулуз го совлада Монпелје со 4-2, Оксер одигра 1-1 против Брест, додека Троа и Ремс си поделија по еден бод (2-2).