Мајк Тајсон, еден од најдобрите боксери во историјата, не запира со напорните тренинзи.
И покрај тоа што има 55 години, очигледно не сака да излезе од формата во која влезе за ревијалниот натпревар против Рој Џонс минатата година. На својот профил на Инстаграм, Челичниот Мајк објави видео во кое буквално ги уништува фокусите што ги држи Рафаел Кордеиро, еден од најпознатите светски тренери за боречки вештини.