Од тимот на Мерцедес пристигнуваат изненадувачки вести.
Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон е толку разочаран што прашање е дали ќе продолжи да вози во најбрзиот тркачки циклус, изјави првиот човек на Мерцедес, Тото Волф.
Волф изјави дека Хамилтон и целиот тим се разочарани од случувањата во Абу Даби и победата на Макс Ферстапен за титулата во Ф1.
„Тој никогаш нема да ја преболи последната трка. Не можам да гарантирам дека ќе продолжи да вози во Формула 1“, беше изненадувачката изјава на Волф.
Трката за Големата награда на ОАЕ беше проследена со голем скандал, прво од стартот кога не беше отворена истрагата за клинчот меѓу Хамилтон и Верстапен, кога Британецот го зазеде првото место, а потоа и во финишот кога организаторите практично дозволија Холанѓанецот да го престигне и да ја земе шампионската титула.
Хамилтон досега не даваше конкретни изјави, но се чини дека Волф откри поинаква ситуација .
Останува да видиме дали ова е само игра на Мерцедес, особено што Хамилтон се уште има шанса да испише историја доколку по осми пат стане шампион во Ф1.