Синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик Шумахер имаше страшен судир во квалификациите за Големата награда на Саудиска Арабија.

Тој изгуби контрола над автомобилот, по што силно удрил во заштитната ограда. Како што е соопштено од Хаас, Мик е свесен и извечен од болидот кој беше преполовен кога беше отстранет од патеката. Возачот превентивно ќе биде упатен на медицински прегледи.

https://twitter.com/NickBurnerNurse/status/1507776997753241617?s=20&t=Be05E-FGQhMHVar3KNOysA