Македонските репрезентативци денеска го одржаа првиот тренинг по мечот со Италија. Според планот, утре вечер со чартер лет летаат за Португалија каде во вторник играат финале за пласман на СП.
Атмосферата на денешниот тренинг беше одлична, а како и не би кога е победен актуелен европски првак и четирикратен светски првак. Дури и селекторот Милевски влезе во „шефа“, па репрезентативците му покажаа неколку „финти“.