Фудбалерот на Реал, Марко Асенсио изјави дека се уште не одлучил дали кариерата ќе ја продолжи во мадридскиот клуб, но истакна дека на маса „има три можности“.
Асенсио има договор со Реал до јуни 2023 година.
“Дали да го продолжам договорот или да заминам? Постои можност и да го одработам до крај договорот. Наскоро ќе разговарам со челниците на Реал. Важно ми е да бидам стандарден првотимец следната сезона”, изјави играчот на Реал меѓудругото.
Асенсио оваа сезона одигра 42 натпревари за Реал во сите натпреварувања, постигна 12 гола и имаше две асистенции.