Холандскиот дефанзивец Матијс де Лихт е ново засилување за германскиот шампион Баерн Минхен. Тој го комплетираше трансферот од Јувентус откако денеска ги мина лекарските прегледи.
Договорот меѓу стоперот на Јуве, Де Лихт и Баерн Минхен е потпишан до 2027 година. Јувентус ќе добие фиксни 67 милиони евра, плус десет милиони евра во дополнителни бонуси.
22-годишниот одбранбен фудбалер претходно од Ајакс дојде во Јувентус во 2019 година.