Копенхаген славеше со 6:3 против Бредаблик и на тој начин продолжи во квалификациите од Лигата на шампионите. Херој на данскиот тим беше Ори Оскарсон, инаку Исланѓанец и син на тренерот на гостинската екипа.
Оскарсон има само 18 години и е син на Оскар Храфн Торвалдсон, кој беше предводник од клупата на Бредаблик. Иако многу добро ги знае сите квалитети на неговиот син, таткото овојпат немаше „лек“ да го сопре разиграниот фудбалер, кој постигна хет-трик.
Токму таткото Оскар пред пет години му даде шанса на Ори да дебитира во првенството на Исланд само со 13 години, а сега токму тој беше кобен за елиминација на екипата што тој ја предводи.