Арсенал не се предава во трката за шампионската титула во Премиер лигата, па кризата од три ремија и пораз во последните четири меча, „топчиите“ ја прекинаа со лесна победа за пола час во лондонската пресметка со Челзи,со што ја продлабочија кризата на „сините“ после триумфот со 3-1.
Арсенал се врати привремено на првото место, со 78 бода, два од Манчестер сити, но со два меча повеќе од „граѓаните“ и шансите за титула остануваат минимални, зашто ќе мора „граѓаните“ да влезат во лоша серија, а со оглед како играат прашање е дали ќе се случи тоа.
Од друга страна, Челзи го запиша шестиот пораз во низа, а седми во последните девет меча без победа. Колку е очаен Челзи покажа денеска, но и фактот дека од 11 март кога го победија Лестер со 3-1 немаат триумф и моментно се на 12-то место со очајни 39 бода, едвај девет над опасната зона за испаѓање.
Мартин Одегард со два гола ги разнесе „сините“ откако прво погоди во 18-та, потоа во 31-та минута, а Габриел Жесус само ги дотолчи и ја обезбеди победата во 35-та минута, а Челзи успеа само да дојде до почесен гол откако Нони Мадуеке погоди во 65-та минута од натпреварот.