Манчестер јунајтед синоќа загуби катастрофално со 0-7 од Ливерпул во Премиерлигата, а големи критики доби капитенот Бруно Фернандеш поради своето однесување, па дури му се заканува и парична казна.
Португалецот при резултат 0-5 се изнервира и прво го нападна Трент Александер-Арнолд затоа што не му ја даваше топката, а потоа го турна и судијата кој претходно се обиде да го смири.
Видеото е хит на социјалните мрежи, а навивачите бараат казна за португалскиот репрезентативец поради неговиот неспортски потег.