Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо (29) е на чекор до враќање во Премиершип, каде успешно настапуваше за Ливерпул. Но, овојпат бразилскиот мајстор е чекор кон преминување во редовите на Арсенал.
Според англискиот и шпанскиот печат, Кутињо не е во плановите на новиот тренер на Барселона Чави и се поизвесно е дека овој јануари ќе го напушти Камп Ноу.
Кутињо играше за Ливерпул од 2013 до 2018 година, а потоа се пресели во Барселона за 120 милиони евра (најголем дојдовен трансфер во историјата на Барселона). Сепак, тој не успеа да се наметне во редовите на каталонскиот клуб, па неговата пазарна вредност падна. Тој помина една сезона на позајмица во Баерн, но Баварците не сакаа да го откупат неговиот договор.
Во текот на кариерата играше и за Интер, Васко де Гама и Еспањол.