Торински Јувентус ја победи Фиорентина на гости со 0-1 и ја продолжи трката со Интер за врвот во Серија А.  „Старата дама“ повторно е на два бода негатива во однос на лидерот.

Ова е прв триумф за Јувентус во Фиренца по пауза од пет години.

 

Фиорентина вршеше притисок врз Јувентус на стартот на натпреварот, но во деветтата минута „Старата дама“ изработи акција како од учебник и преку Мирети го постигна единствениот гол на натпреварот.

„Старата дама“ има 26 бода на втората позиција во Серија А, додека Фиорентина останува на осмата позиција со 17 бодови.