Столе Димитриевски имаше фантастичен настап за Рајо Валјекано на гости кај Реал Мадрид. Имаше неколку одлични одбрани и успеа да ја сочува мрежата, а Рајо одигра 0-0 и освои бод на „Сантијаго Бернабеу“. Нашиот репрезентативец е прогласен и за играч на натпреварот, според изборот на Ла Лига.

Тоа е петти пат оваа сезона Столе Димитриевски и Рајо Валјекано да не примат гол на гостувањата.

Македонскиот чувар на фантастичен начин го спречи Феде Валверде во шестата минута, кога излезе сам пред него, а тој со пад во нозе и бравурозна интервенција не му дозволи да донесе водство. Потоа имаше уште неколку интервенции при акциите на Винисиус Жуниор, Хоселу, Родриго…