Дуелот на македонските интернационалци Димитар Митровски од Вараждин, а Стефан Ристовски и Аријан Адеми од Динамо Загреб, во Хрватската прва лига заврши без победник. Динамо Загреб ремизираше на гостувањето кај Вараждин (1-1), со гол во последните секунди од мечот на Емрели.
Ристовски беше „трагичар“ на својот тим, бидејќи си даде автогол на стартот на вториот дел. Фудбалер на Вараждин нафрли и се обиде да го проигра Дрождек, а македонскиот дефанзивец во обид да расчисти сам си ја погоди мрежата.
На крајот Махид Емрели успеа да го „спаси“ својот тим на гостувањето во Вараждин со погодок во 94. минута за конечните 1-1.