Иван Ракитиќ беше еден од хероите на големата победа на Севиља (2:1) во дербито против Атлетико Мадрид. Хрватскиот играч за врска упати силна „бомба“ од триесетина метри, и го совлада Јан Облак, според многумина најдобриот светски голман.

https://twitter.com/timcruzzz/status/1472431230154989577?s=20

За нас беше многу важно да го започнеме натпреварот добро, бидејќи тоа ни ја подига самодовербата. Успеавме, а јас постигнав совршенен гол“, објасни Ракитиќ и продолжи:

„Игравме против актуелниот шампион, знаевме колку ни е важна победата. Не се откажавме откако примивме гол за 1-1 бидејќи сакавме да ги наградиме нашите навивачи кои го заслужија тој втор гол“.

Сакаме да продолжиме да уживаме, да работиме како досега. Имаме многу да подобриме и сме на добар пат. Ни треба самодоверба и да продолжиме да работиме и да уживаме. Ние сме среќен тим и затоа сме добри. ”

Ракитиќ оваа сезона одигра 20 натпревари за Севиља, постигна четири гола и додаде две асистенции.