По заработената повреда на македонскиот репрезентативец на средбата од 17. коло минатиот викенд против екипата на Емполи стигнуваат добри вести од Апенините.

Елмас е подготвен за настап на вечерашното дерби кој Наполи го игра на гости кај Милан.

Ова е важен натпревар за Наполи кој последните 6 натпревари има само една победа, па тренерот Спалети сигурно ќе му даде шанса на македонскиот дијамант. Останува да видиме дали ќе започне од првата минута или шансата ќе ја чека од клупата за резерви.