Пари Сен Жермен дојде до три бода на дуелот со Ница со головите кои ги постигнаа ветераните Лионел Меси и Серхио Рамос.

Меси погоди во првото, Рамос во второто полувреме што беше доволно за триумф од 2-0 со кое „светците“ ги заборавија поразите од Лион и Рен.
Овој триумф на ПСЖ можеше да биде и поубедлив ако во судиското продолжение Килијан Мбапе реализираше зицер по додавањето на Меси. Тој направи се освен завршниот удар кој воопшто не заврши во рамките на голот на Шмајхел.
https://twitter.com/CarlosBillions1/status/1645069660738469888?s=20