Атлетико Мадрид со 2-1 победи на гости кај Рајо Ваљекано, екипата на Столе Димитриевски се бореше до крај и покрај тоа што повеќе од половина час играше со фудбалер помалку.
Само две минути подоцна, по нафрлување од корнер, Хермосо даде гол, Атлетико Мадрид поведе со 2-0.
Во 62. минута ситуацијата за Рајо стана уште полоша, остана со играч помалку откако Лајун доби директен црвен картон.
На пет минути до крајот Фран Гарсија постигна спектакуларен гол од далечина за намалување на 2-1. Рајо се врати во живот, но не успеа да направи изненадување, домаќините немаа сили за израмнување и тоа беше конечниот резултат.