Француската скијачка Теса Ворли победи на велеслаломската трка која се возеше во рамките на Светскиот куп во Лиенц, Австрија.
Ворли (32) стигна до својата 15. победа во велеслалом со вкупно време од 2:03.88 минути, откако и по првото возење заврши на лидерската позиција.
Таа сега е трета на листата на сите времиња по бројот на победи во оваа дисциплина, а пред неа се само Швајцарката Франи Шнајдер (20 победи) и Австријката Анемари Мозер-Прел (16).
Второто место го зазеде актуелната добитничка на Големиот кристален глобус, Словачката Петра Влхова, која заостана 0,30 секунди од победничката. Таа напредуваше две места во второто возење.
Последното место на подиумот го зазеде Швеѓанката Сара Хектор (0,38 заостанување), која победи на последната трка во Куршевел.
Водечката во генералниот пласман на велеслалом, Американката Микаела Шифрин не учествуваше на денешната трка, откако беше позитивна на корона вирусот.
Шифрин има 280 бодови, второпласираната Хектор има 18 бодови помалку, а Влхова е трета со 235 бодови.
Во генералниот пласман води Шифрин со 750 бодови, Италијанката Софија Гоџа е втора со 657 бодови, додека на третото место е Влхова со 515 бодови.
Во среда во Лиенц се вози слаломска трка.