Италијанскиот скијач Доминик Парис победи во спустот кој се возеше во Бормио, Италија, како дел од Светскиот куп.
Парис (32) постигна време од 1: 54,63 минути и со тоа дојде до рекордната шеста победа во спуст на оваа патека.Досега ниту еден скијач нема забележано повеќе од пет победи во спуст на една патека.
Второто место му припадна на Швајцарецот Марк Одермат, кој заостана 0,24 секунди, додека неговиот сонародник Нилс Хинтерман заврши на третото место, со заостанување од 0,80 секунди.
Во поредокот за спуст, Париз го презеде водството со 227 бодови, 10 помалку има Австриецот Матијас Мајер, додека трет е Хинтерман со 178 бодови.
Во генералниот пласман на Светското првенство и натаму води Одермат со 713 бодови, втор е Мајер со 427 бодови, а трет е Александер Омот Килде од Норвешка со 369 бодови.
Утре на програмата е супервелеслалом во Бормио.