Американската скијачка Микаела Шифрин, по денешниот спуст во Норвешка, го освои петтиот Кристален глобус во кариерата.
До крајот на сезоната има уште седум трки, но бидејќи беше подобра од швајцарската скијачка Лара Гут Бехрами, Шифрин има недостижна предност и голем Кристален глобус, кој претходно го освои во 2017, 2018, 2019 и 2022 година.
Шифрин во генералниот пласман на Светскиот куп има 1.792 бодови, додека Лара Гут има 996 на втората позиција, по што следи Петра Влхова со 975 бода.
https://twitter.com/fisalpine/status/1631996812939673601?s=20