Италијанската скијачка Софија Гоџа е победничка на спустот во Кортина д’Ампецо во рамките на Светскиот куп.
Гоѓа пред домашните навивачи на скратениот спуст поради силниот ветер ја прослави победата со резултат од 1:06,98 минути.
Ова е нејзина четврта победа сезонава во спуст, вкупно шеста, а 17-та во кариерата во Светскиот куп.
Гоѓа беше за 0,20 секунди побрза од Австријката Рамона Зибенхофер, додека на последното скалило од победничкиот подиум се искачи Чехинката Естер Ледецка со заостанување од 0,28 секунди зад победничката.
Италијанката е лидер во поредокот за спуст со 400 бодови, втора е Сибенхофер со 264, а трета е Американката Бриз Џонсон со 240 бодови.
Во генералниот пласман на Светскиот куп прва е Американката Микаела Шифрин со 966 бодови, втора е Словачката Петра Влхова со 929 бодови, додека Гоѓа е трета со 769 бодови.
Скијачите утре во Кортина ќе се борат за бодови во супервелеслаломот.