Белграно стана шампион на Втората лига на Аргентина и со тоа избори промоција во елитниот ранг за наредната сезона. Фудбалерите и стручниот штаб одлучија прославата да биде на отворен двокатен автобус со кој ќе се прошетаат низ улиците на Кордоба.
Автобусот наиде на надвозник, а возачот заборави дека на горниот кат се фудбалерите. Тие навреме ја забележаа опасноста и клекнаа со што избегнаа трагедија.