Откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за делумна мобилизација, сѐ повеќе спортисти добиваат повик за регрутација, а масовно илјадници Руси бегаат од државата за да не бидат мобилизирани и потоа испратени на фронтот во источна Украина, каде од 24 февруари во полн ек е агресијата врз соседната држава.
Арефјев поради незгодата сега е трајно неспособен за да служи војска, па според многумина во Русија потегот е дури и паметен, зашто подобро да жртвува два прста одошто животот.
Тој беше дел од олимписката селекција на ЗОИ во Пекинг во февруари годинава пред да почне агресијата врз Украина. За среќа повредата на раката нема да има влијание врз неговата кариера во брзо лизгање, па тој се очекува да се појави на првото натпреварување сезонава закажано за средината на идниот месец.