Новак Ѓоковиќ слета на белградскиот аеродром неколку минути по пладне, откако замина за татковината преку Дубаи, откако беше депортиран од Австралија.
Во Мелбурн 11 дена ја живеел драмата на визата, учествувал во судски постапки и ја чекал судската одлука со која се бара да ја напушти Австралија.
На аеродромот се собраа многу новинари кои чекаа да дознаат дали ќе им се обрати на нив и на навивачите кои дојдоа да му дадат поддршка. Меѓутоа тој не се појави.