Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успешно стартуваше на турнирот во Монастир, Тунис, каде што триумфира против Лукас Павлович со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-2.
Тенисерот од Словачка даде поголем отпор во првиот сет, но недоволно да го спречи Ивановски за освојување на сетот 6-4, додека во вториот сет беше уште поубедлив (6-2).
Ивановски во второто коло ќе оди на дуел со Адам Мундир од Мароко.