Австрискиот тенисер Доминик Тим беше елиминиран на стартот на Ролан Гарос од Боливиецот Уго Делиен – 6:3, 6:2, 6:4.
Доминик Тим кој беше страв и трепет на земјена подлога за жал е минато, откако се врати од повредаta Австриецот не може да го најде ритамот и тенисот што го красеа со години.
Тим за прв пат се појави на турнирот во Мајорка во 2022 година и мораше да го предаде натпреварот сo Адриан Манарино. Потоа играше во Белград, Есторил, Мадрид, Рим и Женева и никаде не успеа да го помине првото коло.
Не успеа и на Ролан Гарос, каде беше елиминиран од Делиен, што е негов единаесетти пораз во низа заклучно со 2021 година.
Последната победа Доминик ја постигна во Рим во 2021 година, кога на стартот од турнирот го совлада Мартон Фуксович. Потоа загуби од Сонего и Нори, додека сезоната ја заврши со пораз од Андухар во првото коло на Ролан Гарос.
Замина на операција на зглобот, ја пропушти цела сезона, а очигледно уште го мачи истото бидејќи не е ни блиску до тенисерот на кој сме навикнати.
Уго Делиен во второто коло на Ролан Гарос ќе игра против Карен Хачанов или Нуно Борхес.