Српските ракометари вечерва од 20:30 часот го играат последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство, а противник ќе им биде репрезентацијата на Франција.
За да се пласираат во следната фаза од натпреварувањето, потребна им е сензација и победа над Франција, а до неа ќе се обидат да стигнат со најдобриот играч во составот. Петар Ненадиќ не настапи на првите два натпревари од групната фаза, но сега ќе се приклучи на тимот за да се обиде да направи чудо со него.
Ненадиќ отпадна од комбинација откако во декември се здоби со повреда на бутниот мускул. Проценките велеа дека асот на унгарски Веспрем ќе паузира шест недели, но тој порано се опорави и доаѓа на шампионатот.