Медиуми низ Европа објавија дека ФИФА излегла во пресрет на селекциите, за да се избегне тие да бидат десеткувани за финалните мечеви во битката за мундијалската виза, а 107 фудбалери имаат жолти картони од квалификациите меѓу 12-те селекции. Ова бришење на картоните уште во ноември го најави „ЕСПН“ и сега се остварува, но суспензиите за парни картони или исклучување остануваат.
Елмас и Костадинов ќе мора да го прескокнат мечот со Италија поради парни жолти картони, а ќе може да играат во евентуалното финале ако Македонија успее да го мине европскиот првак во полифиналето од овој плејоф во Палермо.