Станува збор за турнир со награден фонд од 130.000 долари, на кој победникот освојува 100 ранкинг-бодови, што доволно говори за неговиот квалитет, како и за успехот на нашиот талент, за кого ова воедно беа и први две челинџер-победи. Ивановски во вчерашниот триумф против Романецот Филип Кристијан Џиану (3-6, 6-4, 6-3) имаше мајсторски потег, кога освои поен во ситуација кога мораше да го враќа топчето со удар меѓу нозе и тоа свртен со грб кон противникот, кој беше одбележан и од официјалниот профил на АТП Челинџерите.
Ивановски со пласманот во четвртфиналето веќе обезбеди гарантиран чек од 3.240 евра, како и 20 АТП-поени, со кои 19-годишниот скопјанец ќе напаѓа влез во првите 350 тенисери на светот.