Последен кој би можел да остане без настап поради политиката на Владимир Путин е Данил Медведев, откако Тениската федерација на Украина побара на сите руски тенисери во наредниот период да им се забрани учество на турнирите. Тоа дефинитивно би можело да влијае на неговото учествона претстојниот Ролан Гарос. Предводниците на украинскиот тенис ги опиша акциите на Русија и Белорусија во Украина во претходните денови како „незапаметени, цинични и крвави“.
Медведев веќе и официјално е број еден на АТП-листата, минувајќи го Новак Ѓоковиќ, кој би можел да профитира од ваквата евентуална забрана за Русинот, под претпоставка дека нему би му било дозволено да игра на турнирите со оглед што не е вакциниран.