Италијанецот Јаник Синер продолжува со одлични игри на тенискиот завршен мастерс во Торино, откако по доминацијата во групната фаза, во која го совлада и Новак Ѓоковиќ, триумфира и во полуфиналниот дуел со Данил Медведев (6-3, 6-7, 6-1).
Синер покажа исклучителен квалитет, доминираше во првиот и во последниот сет, додека рускиот тенисер само во вториот сет демонстрира дел од својот раскошен талент, особено во тајбрејкот кој го доби неочекувано лесно.
Противник на Синер во големото финале ќе биде подобриот од спектакуларната пресметка помеѓу Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, закажана за вечерва од 21 часот.