Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ без борба се пласира во четвртфинале на Мастерсот во Мадрид, откако Енди Мареј се предаде поради болест.
Ѓоковиќ во четвртфинале ќе се соочи против подобриот од мечот меѓу Душан Лајовиќ и Хуберт Хуркач.
Србинот во минатото коло го совлада Гаел Монфилс со 2-0, а доколку го освои трофејот во Мадрид, ќе стигне до 38. титула на Мастерс-турнирите.